З КУЌА / Z HOUSE
Скопје
ЛОКАЦИЈА: БАРДОВЦИ, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2011
ТИП: ИНДИВИДУАЛНА КУЌА
КЛИЕНТ: ПРИВАТЕН
ВКУПНА ПОВРШИНА: 1021M2
ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА: 1506.77 M2
ПОВРШИНА НА ПРИЗЕМЈЕ: 292.8M2
СТАТУС: ИДЕА
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ
СОРАБОТНИК: ЕНДИ БУРХАН (3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИИ)
LOCATION: BARDOVCI, SKOPJE
YEAR: 2011
TYPE: FAMILY HOUSE
CLIENT: PRIVATE
SIZE: 1021 m2
SIТE: 1506.77 m2
FOOTPRINT: 292.8 m2
STATUS: IDEA
AUTHOR: FILIP MARJANOVIC
COLLABORATOR: ENDI BURHAN (3D VISUALIZATONS)
Објектот е проектиран за локација во непосредна близина на Скопје, во Бардовци, во духот на интернационалниот стил карактеристичен за 50-тите години на минатиот век. Во неговата архитектура доминираат правите линии и чистата геометрија.
Објектот е наменет за живеење на 3 семејства кои се меѓусебно родбински поврзани. За таа цел проектирана е гаража која има капацитет за 3 возила. Секое семејство има на располагање свој кат кој има идентичен распоред со претходниот.
Заради поголем комфор, на секој кат има по една поширока родителска спална соба со засебна бања и 3 помали детски соби и една бања.На секој кат е проектирана и една пространа дневна соба во чија непосредна близина се наоѓа и кујна со трпезарија. Секоја соба си има своја засебна тераса.
Скалите кои водат до катовите се поставени веднаш до влезниот хол. Спалните соби се одвоени од останатиот дел од објектот за подобар комодитет. Во приземјето е проектиран простран базен кој ќе го користат сите 3 семејства. Поради должината на објектот, а заради подобра комуникација предвиденисе уште едни скали кои се позиционирани на другиот крај на објектот.
На приземјето во делот каде се наоѓа кујната е проектиран шанк со столчиња посебно дизајнирани за одмор и релаксација во чија непосредна близина е простран хол во кој има неколку удобни фотелји за седење. Целиот овој дел гледа на базенот ие застаклен со широки прозорци за максимално влегување на сончевите зраци, а воедно и за да можат сопствениците да имаат непречени визури кон базенот.
На покривот на објектот се предвидува да биде изведена кровна градина.