КУЌА В / V HOUSE

Скопје

ЛОКАЦИЈА: НАС. БАРДОВЦИ, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2011
ТИП: ИНДИВИДУАЛНА КУЌА
КЛИЕНТ: ПРИВАТЕН
ВКУПНА ПОВРШИНА: 200M2
ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА: 781.5 M2
ПОВРШИНА НА ПРИЗЕМЈЕ: 117 M2
СТАТУС: ИДЕЈА
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ
СОРАБОТНИК: АХМЕД ИБРАХИМ (3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИИ)

LOCATION: BARDOVCI, SKOPJE
YEAR: 2011
TYPE: HOUSING
CLIENT: PRIVATE
SIZE: 200 M2
SITE: 781.5M2
FOOTPRINT: 117 M2
STATUS: IDEA
AUTHOR: FILIP MARJANOVIC
COLLABORATOR: AHMED IBRAHIM (3D VISUALIZATIONS)

В-Куќата е наменета за едно 6 члено семејство. Нејзина главна карактеристика е што е поместена во однос на својата подолжна оска за 14 степени на катот.

На приземјето таа има трапезоидна форма. Дневниот престој е поврзан со трпезаријата без преградни зидови со што се добива еден флуиден и хомоген простор. Во приземјето се наоѓа и една гостинска спална соба со купатило и еден тоалет, додека детските соби и родителската соба заедно со тоалетите се позиционирани на катот.

Фасадите се рамни и обоени во бела боја а доминантен дел е прозорецот кој ги осветлува скалите. Тој е обработен со дрвени рамки и го нагласува правецот на движење на скалите со што се добива еден многу интересен и необичен лик на фасадата. Скалите кои водат до катот се еднокраки и се поставени веднаш до влезниот хол.