Т КУЌА / T HOUSE
Скопје
ЛОКАЦИЈА: НАС. БАРДОВЦИ, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2011
ТИП: ИНДИВИДУАЛНА КУЌА
КЛИЕНТ: ПРИВАТЕН
ВКУПНА ПОВРШИНА: 291.45M2
ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА: 1200 M2
ПОВРШИНА НА ПРИЗЕМЈЕ: 199.5 M2
СТАТУС: ИДЕJА
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ
ЛОКАЦИЈА: НАС. БАРДОВЦИ, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2011
ТИП: ИНДИВИДУАЛНА КУЌА
КЛИЕНТ: ПРИВАТЕН
ВКУПНА ПОВРШИНА: 291.45M2
ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА: 1200 M2
ПОВРШИНА НА ПРИЗЕМЈЕ: 199.5 M2
СТАТУС: ИДЕJА
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ

T-Куќата е наменета за 2 четиричлени семејства. Проектирана е за прекрасна локација во селото Бардовци. Нејзината основа е во форма на буквата Т.
На приземјето во влезниот хол се позиционирани пространи скали, кои даваат скулптурален визуелен ефект. Паркирањето е решено во склоп на објектот. Од гаражите, преку еден мал ходник се влегува директно во објектот, одн. во неговиот влезен хол. Спалните соби заедно со тоалетите се позиционирани на левиот дел од објектот и се целосно одвоени од просторијата за дневен боравок, со што се овозможува потребниот мир. Дневната соба е поврзана со кујната и трпезаријата и од неа, преку пространи лизгачки врати се излегува кон базенот.







Катот има идентичен распоред на просториите како приземјето, со таа разлика што додадена е една пространа тераса до која се доаѓа преку дневната соба, но и од холот. Терасата е со димензии 385см / 670см и со своите 26м2 нуди одличен комфор и служи за релаксација и сончање. Делот кој се наоѓа над гаражите е предвидено да биде непроодна тераса, но доколку се појави потреба може лесно да се приспособи во проодна тераса и да се стави во функција за користење.
Објектот е со фасада од дрвени панели, на која заради подобар визуелен ефект на одредени делови се аплицирани квадрати и правоаголници од темно-сива и бела боја.

