Осло 4
Тафталиџе, Скопје
ЛОКАЦИЈА: УЛ.ОСЛО БР.4 ВО ТАФТАЛИЏЕ, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2016
ТИП: ПОВЕЌЕСЕМЕЈНА КУЌА
КЛИЕНТ: МЦЦ КОНСТРАКШН 2025
ГОЛЕМИНА: 480 m2
СТАТУС: РЕАЛИЗИРАН
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ
СОРАБОТНИК: ЛЕ ЛУАТ (3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИИ)
LOCATION: OSLO STREET No.4 IN TAFTALIDJE, SKOPJE
YEAR: 2016
TYPE: MULTIFAMILY HOUSE
CLIENT: MCC KONSTRAKSN 2025
SIZE: 480 m2
STATUS: COMPLETED
AUTHOR: FILIP MARJANOVIC
ASSOCIATE: LE LUAT (3D VISUALIZATIONS)
Објектот е лоциран на улица Осло бр.4, во непосредна близина на Студентскиот дом Гоце Делчев во Тафталиџе. Приодот до објектот е овозможен преку улица Осло од јужната страна. Главниот влез во објектот е од источната страна.
Oбјектот се состои од 4 независни стамбени единици, од кои првата на приземјето е со вкупна површина од 71м2, додека другите 3 се со вкупна површина од 86м2. Концептуално становите се состојат оддел за дневен престој поврзан со кујна и трпезарија и дел за релаксација и одмор во кој се сместени спалните соби. Овие 2 дела се меѓусебно одвоени и функционираат како 2 независни целини.
Дневната соба е поврзана со кујната и трпезаријата во еден отворен простор со што се добива потребното чувство на просторност и комоција. На катовите е проектирана и по една помала тераса.
Спалните соби се одвоени меѓусебно со купатило. Секој стан има по 3 спални соби – една родителска со вкупна површина од 13м2 и 2 помали детски соби со површини од 9м2 и 12м2.
Дневниот простор има јужна ориентација и осветлен е со широки и пространи прозорци со што се овозможува максимално продирање на сончева светлина. Веднаш до влезот се наоѓа и еден помал тоалет.