ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО с.ХАМЕ, ДЕБАР / ELDERLY CARE CENTER IN DEBAR

ЛОКАЦИЈА: С.ХАМЕ,ДЕБАР
ГОДИНА: 2022
ТИП: МЕДИЦИНСКА НЕГА
КЛИЕНТ: ПРИВАТЕН
ВКУПНА ПОВРШИНА: 3862.72 М2
ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА: 12 317 M2
ПОВРШИНА НА ПРИЗЕМЈЕ: 988.66 M2
СТАТУС: ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ
КО-АВТОРИ: ИВАНА ГРУПЧЕ, МАРЈАН ТОШАНОВ
СОРАБОТНИК: МОХАМЕД АЛ САЈЕД (ВИЗУЕЛИЗАЦИИ)

LOCATION: v. HAME ,DEBAR
YEAR: 2022
TYPE: HEALTH CARE
CLIENT: PRIVATE
SIZE: 3862.72m2
SITE: 12 317m2
FOOTPRINT: 988.66m2
STATUS: BUILDING PERMISSION
АUTHOR: FILIP MARJANOVIC
CO-AUTHORS: IVANA GRUPCHE
MARJAN TOSHANOV
COLLABORATOR: MOHAMMAD AL SAYED

Домот за стари лица е сместен во село Хаме, кое се наоѓа на 5,5км одалеченост од градот Дебар и на 1 км одалеченост од селото Бањиште, каде се наоѓаат Дебарските бањи Цапа. Сместен е на највисоката кота на селото, во неговиот југоисточен дел, идеално ориентиран со станбените единици кон југоисток, со обезбеден пристап до селската улична инфраструктура.

Блискоста на домот до градот Дебар ќе им овозможи на корисниците пристап до сите социјални и комерцијални содржини кои се наоѓаат во градското подрачје: продавници, библиотека, болница, ординација по општа медицина, бројни специјалистичко – консултативни ординации, здруженија на пензионери, месна заедница како и до локалните Дебарски Бањи со термоминерални води.

До градежната парцела се пристапува преку постојна улица на север и северозапад и новопроектирана улица на исток.
Домот располага со неколку влезови:

  • Главен влез
  • Економски влез за внес на суровини и свежа храна
  • Службен влез на вработени во економскиот дел

Приземјето е на ниво на терен, со скали и лифтови според стандардите за вакви објекти и е целосно пристапен за влез на инвалидизирани лица.
Установата располага со дворна површина од околу 9000 м2, со обезбеден паркинг простор и дел кој ќе биде целосно хортикултурно уреден со ниско и високо зеленило.
Објектот е со капацитет за 35 корисници. Според просторните услови кои се однесуваат на станбените единици, објектот спаѓа во групата на станбени единици за здрави стари лица и лица со потреба од помош и нега од друго лице.

Објектот се состои од сутерен, приземје и 2 ката.
Во сутеренот се сместени содржините за рекреација, базен, хидромасажен базен со гардероби и тоалети, фитнес центарот, работна терапија, турско купатило и сауна. На овој кат исто така се наоѓа и машинскиот оддел за опслужување на базенот со клима комори и компензационен резервоар како и пумпни станици за отпадни води, просторија за молитва, морга и еден помал магацин за лопати и трокадеро.