КУЌА АЛПИ 5 / ALPI 5 HOUSE

Скопје

ЛОКАЦИЈА: УЛ.АЛПИ БР.5 НАС. БУТЕЛ, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2018
ТИП: ИНДИВИДУАЛНА КУЌА
КЛИЕНТ: ПРИВАТЕН
ВКУПНА ПОВРШИНА: 298.38M2
ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА: 315 M2
ПОВРШИНА НА ПРИЗЕМЈЕ: 112.1 M2
СТАТУС: РЕАЛИЗИРАН
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ

LOCATION: ALPI 5, BUTEL, SKOPJE
YEAR: 2018
TYPE: HOUSING
CLIENT: PRIVATE
SIZE: 298.38M2
SITE: 315M2
FOOTPRINT: 112.1 M2
STATUS: REALISED
AUTHOR: FILIP MARJANOVIC

            Објектот се наоѓа во населба Бутел, во северниот дел на Скопје, во зона на објекти наменети за индивидуално домување. На предметната парцела имаше постоен објект, изграден во седумдесетите години од минатиот век, кој заради дотраеноста на конструкцијата беше урнат и на негово место беше изграден нов објект.

На барање на Инвеститорот проектиран е индивидуален стамбен објект со катност П+1, со корисна нето површина од 298м2. На северозападната страна објектот граничи со соседен објект.

Пристапот до објектот е од улицата Алпи, од нејзината југозападна страна. Главниот влез го дели објектот на 2 дела. Лево се наоѓаспална соба со југозападна ориентација, мал тоалет, кујна со трпезарија и дневна соба за заеднички престој. Дневната соба е отворена со стаклена зид-завеса и има максимален визуелен контакт со дворот.

На катот се проектирани пространа родителска спална соба со сопствен тоалет, гардеробер и тераса и 2 детски соби со заеднички пристап до тераса и еднапространа бања.