ХОТЕЛ СО 5 ЗВЕЗДИ ВО ЦЕНТАР, СКОПЈЕ / 5 STAR HOTEL IN THE CENTER OF SKOPJE

ЛОКАЦИЈА: ЦЕНТАР, МАЛ РИНГ, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2009
ТИП: КОНКУРС
КЛИЕНТ: МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
ВКУПНА ПОВРШИНА: 22 629 м2
ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА: 5362 м2
ПОВРШИНА НА ПРИЗЕМЈЕ: 2248.7м2
СТАТУС: ИДЕА
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ
СОРАБОТНИК: ИГОР ВАСИЛЕВСКИ (3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИИ И ЕНТЕРИЕРИ)

LOCATION: CENTER, SKOPJE
YEAR: 2009
TYPE: COMPETITION
CLIENT: MINISTRY OF TRANSPORT AND COMMUNICATIONS
SIZE: 22 629 м2
SITE: 5362 м2
FOOTPRINT: 2248.7м2
STATUS: IDEA
AUTHOR: FILIP MARJANOVIC
COLLABORATOR: IGOR VASILEVSKI (3D VISUALIZATION AND INTERIOR DESIGN)

Идејата за формата на објектот се наметна како последица на формата на маркичката за градба, која во основа е многуаголник со 6 страни. За да се постигне максимална ефикасност во искористување на локацијата одлучено е границата на градежната линија да биде всушност границата до каде ќе се протега објектот. Со тоа се добива една необична и интересна форма која нуди различни визури во зависност од тоа од кој агол се гледа. Притоа, за да се омекнат споевите на различните агли на спојување на страните, тие се  заоблени, со што се формира волумен со форма која е пријатна за око. Во внатрешноста на објектот се предвидува пацио, кое ќе служи за одмор и релаксација на гостите.

Обвивката на објектот се предвидува да биде од алуминиумски панели во сребрена боја, со заоблувања кои се вклопуваат во сликата на објектот, формирајќи притоа современ архитектонски израз.

Функционалната поделба на просториите е направена за да се овозможи максимален комфор на гостите. Во првата половина се позиционирани просториите наменети за прием и престој на гостите (широк влезен хол со рецепција, снек бар, просторија за појадок, како и банкет сала, сала за ручавање и сала за конференции. Овие 3 сали е предвидено да бидат меѓусебно поделени со лесни монтажни зидови за да можат во зависност од манифестацијата што се одржува да ја менуваат големината. Во продолжение во приземјето се предвидени просториите за престој на гостите и собите за инвалиди.

На соседната страна од приземјето позиционирани се просториите за персоналот на хотелот и за луѓето кои работат во него. Во овој дел се предвидени сите потребни простории за нормално функционирање на хотелот. Главната кујна е веднаш до ресторанот и банкет салата. Во продолжение се и сите потребни магацински простории за складирање на храна, зеленчук, свежо овошје итн. Во овој дел се и просториите за складирање на нечисти алишта, како и пералница, простории за пеглање, сушење. На приземјето исто така се наоѓаат и просториите за администрацијата на хотелот, канцеларија на менаџерот, сметководство, резервации, доктор и просторија за прва помош и др.

На првиот кат се наоѓаат соби за гостите (еднособни и двособни), апартмани и неколку простории за релаксација и спортување, спа центар со базен, фитнес центари просторија за услуга на гостите.
На вториот кат се наоѓаат соби и апартмани, како и претседателски апартман кој има централна позиција. Од сите соби и апартмани се предвидуваат прекрасни визури кон плоштадот, реката Вардар и околните објекти.
За гостите се предвидени вкупно 141 паркинг место,од кои 29 на паркинг просторот пред хотелот и по 56 возила на двете подземни нивоа. Објектот е со вкупна катност од П+7 + Поткровје и има максимална височина од 29 м. За полесно движење на гостите предвидени се скали и лифтови и тоа скалите на клучните 4 позиции на објектот, а лифтовите на 2.