КУЌА 2/11А / 2/11A HOUSE
Скопје
ЛОКАЦИЈА: С.ДОЛНО ЛИСИЧЕ, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2024
ТИП: ИНДИВИДУАЛНА КУЌА
КЛИЕНТ: г.МАРТИН КАРЕСКИ
ГОЛЕМИНА: 270 m2
СТАТУС: ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ
СОРАБОТНИК: ЛАША БАРАМИДЗЕ (3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИИ)
LOCATION: DOLNO LISICE, SKOPJE
YEAR: 2024
TYPE: FAMILY HOUSE
CLIENT: Mr.MARTIN KARESKI
SIZE: 270 m2
STATUS: BUILDING PERMISSION
AUTHOR: FILIP MARJANOVIC
COLLABORATOR: LASHA BARAMIDZE (3D VISUALIZATIONS)
Селото Долно Лисиче се наоѓа во источниот дел на територијата на општина Аеродром и всушност е приградска населба на Скопје. Се простира на десниот брег на реката Вардар, на 4 км. јужно од вливот на Маркова Река во Вардар. Граничи со населените места Подстаница и Драчево на југ, Горно Лисиче на запад и Јурумлери на север и воедно на спротивниот лев брег на Вардар.
Приодот до објектот е овозможен преку улицата11А. Влезот во парцелата е од југозападната страна, каде што е позициониран главниот влез.Во склоп на парцелата се предвидени 2 паркинг места.
Објектот со својата архитектура не го нарушува постојниот амбиент на семејни куќи, напротив, сосема ненаметливо се вклопува во формираната урбана структура.
На барање на инвеститорот проектирано е поткровје со вкупна корисна површина од 98.4м2. Во него има една пространа дневна соба заедно со кујна и трпезарија кои заедно формираат еден отворен флуиден простор, со пристап до тераса.
Спалните соби се одвоени од дневната соба со ходник заради поголема приватност. На поткровјето има една родителската спална соба и 2 детски соби,како и една бања и еден помал тоалет поставен веднаш до главниот влез. Ходникот се предвидува да се осветлува со натсветло поставено над влезната врата.
Конструктивниот систем е проектиран како систем од армирано-бетонски столбови и греди. Новопроектираната меѓукатната конструкција се предвидува да биде од ферт греди.
Фасадата на објектот е од цементен малтер во бела боја, во комбинација со детали од дрво на терасата, оградите на скалите и на фасадата.