ИЗВИТКАНА КУЌА / TWISTED HOUSE
Скопје
ЛОКАЦИЈА: НАС. ВОДНО, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2023
ТИП: СЕМЕЈНА КУЌА
КЛИЕНТ: ПРИВАТЕН
ВКУПНА ПОВРШИНА: 178 m2
ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА: 800 M2
ПОВРШИНА НА ПРИЗЕМЈЕ: 185 M2
СТАТУС: ИДЕЈА
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ
СОРАБОТНИК: ЏОН КЛМ (3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИИ)
LOCATION: VODNO, SKOPJE
YEAR: 2023
TYPE: FAMILY HOUSE
CLIENT: PRIVATE
SIZE: 178 m2
SITE: 800 M2
FOOTPRINT: 185 M2
STATUS: IDEA
AUTHOR: FILIP MARJANOVIC
COLLABORATOR: JOHN KLM (3D VISUALIZATIONS)
Извитканата куќа e дизајнирана за многу живописна локација на падините на Водно. Се карактеризира со високо експериментална-скулптурална форма, каде вертикалните ѕидови од обете страни преку ротација (извиткување) се претвораат во хоризонталниѕидови. Тој ефект на “ извиткување” создава многу интересен и возбудлив флуиден простор, како во внатрешноста, така и на надворешноста на објектот.
Куќата е проектирана за живот на едно семејство. Концептуално, објектот е поделен на 2 дела: дел за дневен престој, поврзан со кујна и трпезарија, ориентиран кон југозапад и дел за одмор и релаксација каде се сместени родителска и детска спална соба заедно со тоалет кои имаат североисточна ориентација.
Објектот го следи падот на теренот, па така делот со спалните соби се наоѓа на 1.65м висинска разлика во однос на главниот влез и просторот во кој е сместена дневната соба. Предвидени се и 2 пространи тераси поврзани со дневниот простор и со спалните соби.