КУЌА КВАДРАТИКУС / QUADRATICUS HOUSE

Скопје

ЛОКАЦИЈА: БАРДОВЦИ, СКОПЈЕ
ГОДИНА: 2011
ТИП: ИНДИВИДУАЛНА КУЌА
КЛИЕНТ: ПРИВАТЕН
ВКУПНА ПОВРШИНА: 585M2
ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА: 1305 M2
ПОВРШИНА НА ПРИЗЕМЈЕ: 200 M2
СТАТУС: ИДЕА
АВТОР: ФИЛИП МАРЈАНОВИЌ
СОРАБОТНИК: ЕНДИ БУРХАН (3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИИ)

LOCATION: BARDOVCI, SKOPJE
YEAR: 2011
TYPE: FAMILY HOUSE
CLIENT: PRIVATE
SIZE: 585 m2
SIТE: 1305 m2
FOOTPRINT: 200 m2
STATUS: IDEA
AUTHOR: FILIP MARJANOVIC
COLLABORATOR: ENDI BURHAN (3D VISUALIZATONS)

Локацијата на куќата Квадратикус е во урбанизираниот простор на  населбата Бардовци. Опкружена со најразновидно зеленило, нејзината едноставна квадратна основа е поставена на начин кој овозможува максимално продирање на сончева светлина од јужната страна.

Концептуално катовите се решени како независни станбени единици. Куќата е наменета за живот на два брата со своите семејства. Секој кат го има сето она што е потребно за удобен живот – пространа дневна соба со тераса, кујна со трпезарија, 3 спални соби и 2 бањи. Главна карактеристика на објектот е поставувањето на ѕидовите на приземјето и на вториот кат под агол, со што се добива интересен и необичен футуристички изглед.

Базенот е одвоен од останатиот дел од куќата. Тој се наоѓа на ниво 110см пониско од нивото на приземјето,следејќи ја конфигурацијата на теренот. За поголема приватност задскриен еод делот за живеење со најразлични видови растенија.

Посебен белег на објектот е третманот на фасадата. За таа цел комбинирани се три различни видови на материјал: цементен малтер во бела нијанса за приземјето и дел од катот, дрво со кафена боја на првиот кат и абриб во црна нијанса на вториот кат. Со комбинирањето на овие 3 различни материјали и нијанси само дополнително се нагласува композицијата на објектот кој иако произлегува од едноставна квадратна основа, има возбудлива и интересна форма.